Димитровски: Изградба на старечки дом со јавно приватно партнерство
Кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ратко Димитровски, на денешната средба со пензионерите, ги истакна резултатите кои се постигнати за подобрување на статсусот на пензионерите, притоа посочувајки дека во овој мандат се отворени три клуба за пензионерите во градот и два во населените места Тркање и Оризари.
- Ги поддржуваме сите активности на пензионерската организација од Кочани. Сорабвотувавме во обезбедувањето на простории за работа на Здружението, како и отстапување на пет простории за пензионерски клубови. Општина Кочани изнајде простор и подготви проект за изградба на старечки дом од највисоки светски стандарди и ја подоготви целокупната техничка документација за изработка на објектот, а во овој мандат 2017-2021 што следува имаме дадено ветување во нашата програма дека следната фаза ќе биде изградба на старечки дом со обезбедени средства од јавно приватно партнерство и странски донатори, истакна Димитровски.
Димитровски ги потсети пензионерите дека со народната влада на ВМРО-ДПМНЕ пензиите перманентно растеа и со тоа се водеше грижа за пристоен живот за највозрсните и најмудрите.
Тој ги повика жителите на Кочани да ја прочитаат програмата за општина Кочани за мандатот што следува, да се запознаат со проектите кои се во голем дел насочени за развојот на општината и кои се наменети за сите категории граѓани меЃу кои и за пензионерите.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели