Димитров: За една година од мандатот во Виница инвестиравме 225 милиони денари
За една година од мандатот на новата локална власт во Виница за инфраструктурни проекти во општината се инвестирани над 225 милиони денари. Таа сума е рамна на вкупните вложувања од претходните осум години, поради што видливи се крупни зафати во изградбата на капитални објекти.
Овие податоци ги изнесе градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров, во денешниот отчет за работењето на локалната самоуправа во изминатиот едногодишен период, при што нагласи дека главни приоритети биле намалувањето на задолженоста и изградбата на сообраќајната и комуналната инфраструктура.
– Досега вративме една четвртина од долговите на општината, а за подобрување на локалната и регионалната патна мрежа, како и за асфалтирање на улици во градот и во повеќе населени места вложивме околу 155 милиони денари. Најголем дел од нив се од државните фондови, а дваесетина отсто е сопствено учество. Исто така, инвестиравме над осум милиони денари за изградба и реконструикција на канализациската и водоводната мрежа во Виница и во селата Истибања, Трсино, Грљани и Лески, а преку Швајцарската агенција за обнова и развој обезбедивме 150 илјади швајцарски франци за изработка на физибилити студија за изградба на колекторски систем и пречистителна станица за отпадни води, истакна Димитров.
Во освртот за едногодишното работење, градоначалникот на Виница рече дека посебно внимание се посветува на унапредувањето на социјалната грижа и на подобрувањето на условите за младите.
– Со околу 25 милиони денари, добиени од Министерството за образование и наука, градиме нова спортска сала во училиштето „Славчо Стојменски“ во Виница, во училиштето во Трсино поставени се 32 фотоволтаични панели за заштеда на енергија, а зградата на интернатот во Блатец добива енергетско ефикасна фасада и се обновува столаријата, за што добивме близу 34 илјади евра од УНДП. Со помош од УНИЦЕФ адаптиравме училница за ран детски развој во училиштето во село Лески, а реконструирано е и партерното уредување на детската градинка „Гоце Делчев“. За 22 студенти со низок социјален статус доделивме стипендии од 2.200 денари во времетраење од 9 месеци, а во развојот на спортот и унапредувањето на културата инвестиравме над 2,5 милион денари, додаде Димитров.
Градоначалникот на Виница потенцираше дека во изминатиот едногодишен период е намалена цената на водата за пиење и таа е најниска во државата. Во моментот активностите на општината се насочени кон изработка на детални урбанистички планови за повеќе локалитети, како и на техничка документација за кружен тек во централното градско подрачје и за реконструкција на кино салата.
Ново на Сител
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто

