Димитров: Втор ден без мене и пристапот кон Бугарија се смени во “салама” тактика
Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска објави статус на Фејсбук со кој ја искритикува Владата по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје дека го спинува решавањето на спорот со „добрата волја Бугарија да го прифати краткото име“. Ова поранешниот министер за надворешни работи го нарекува „салама“ тактика.
„Вчера сами јавно признаа дека го смениле пристапот и стратегијата кон Бугарија, што прво ги урива хистеричните напади за мене и тврдењата дека сме немале внатре разлики, а второ го разобличува и обидот за евтин спин дека нешто Софија отстапила (спин што добро го препознаа и некои наши медиуми).
Додека бев внатре го држев другиот пристап - ништо не е договорено додека не се договорат сите прашања - како што јавно кажа мојот наследник вчера.
Вториот ден без мене пристапот и суштината се смени во “салама” тактика.
Велат дека сега со новиот пристап сме имале резултати веднаш - Софија "прифатила" да го користи краткото име, нешто што само по себе не е наш проблем, туку нивен и нивно барање.
За ова неосновано барање да биде прифатено ние пративме нота до ОН што Софија ја бараше две години и не ја добиваше, без притоа да направи било каква отстапка.
Сега ова биле резултатите со новиот пристап...
Да се разбереме, никој никогаш не спорел дека ваков пристап би дал резултати - АМА во корист на другата страна.
Ако овој нов пристап се развива и кулминира, никој не спори и дека решение е можно, претпоставувате какво.
Повеќе за суштинската штета со нотата до ОН, каде атрибутите на државата се затворени, во следниот јавен настап“, напиша Димитров на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово
-
Дел од булеварот „Партизански одреди“ без вода
-
Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва