Димитров во Вашингтон на средби со претставници на американската администрација
Министерот за надворешни работи Никола Димитров од денеска престојува во работна посета на САД. Шефот на македонската дипломатија во Вашингтон ќе има средби со високи претставници на американската администрација, Стејт департментот, Конгресот на САД и тинк тенк заедницата, како и со македонската дијаспора.
Димитров на 29 ноември 2017 ќе учествува на конференција во организација на Атлантскиот совет на САД насловена „Следната бура? Обликување на балканската иднина во ера на неизвесност“.
На конференцијата ќе учествуваат министрите за надворешни работи на балканските земји и повеќе од стотина учесници и експерти од двете страни на Атлантикот. Учесниците ќе разменат мислења во насока на генерирање нови идеи и предлози за забрзан пат на балканскиот регион кон трансатлантската заедница, и поттикнување засилена поддршка за политиките на земјите во САД.
Министерот Димитров ќе се обрати на панелот „НАТО на Балканот: Обезбедување на границите во турбулентни времиња“, соопшти МНР.
Ново на Сител
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени
-
Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат
-
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица