Димитров во Софија нема дилема на кој јазик зборува тој, а на кој Бугарите
Македонците и Бугарите не можат да бидат блиски ако меѓу нив нема заемна почит, порача од Софија, шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој се сретна со неговата колешка Екатерина Захариева и бугарскиот претседател Румен Радев.
За Захариева важно е земјава во јуни да ги почне преговорите за членство во Унијата. Бугарија меѓу првите го ратификува протоколот за членство во НАТО и Захариева се надева да дека и другите сојузници ќе го сторат тоа брзо.
,,Се надевам дека во декември во Лондон ќе бидете полноправен сојузник и оти дотогаш ќе заврши ратификацијата на Протоколот во сите национални парламенти‘‘, изјави Захариева.
Димитров потенцира дека приближувањето меѓу двете земји, не треба да биде само на политички, туку и на економски план.
,,Ние имаме автентичен македонски интерес да бидеме многу блиски со Бугарија. И не треба некој да не турка за да одиме по тој пат. Тој е наш интерес. И затоа треба мудрост и визија, кој е вистинскиот пат до пријателството‘‘, министерот Димитров.
Двајцата министри изразија задоволство од работата на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања, која веќе договори заедничко одбележување на Цар Самуил и Светите Климент и Наум. Ако таа комисија предложи конкретни промени во наставните планови за неколку месеци, тогаш нема да има потреба од изговување анекс на договорот за добрососедство, смета Захариева.
Димитров, пак при гостувањето во утринската политичка емисија на бугарската телевизија неколкупати прашан за постоењето на македонскиот јазик, кој Бугарија не го признава, беше јасен на кој јазик зборува тој, а на кој неговиот домаќин.
,,Сепак не кажавте, кажавте дека се блиски нашите јазици, но не кажавте на каков јазик зборуваме ние денеска во студиото?
Па, вие говорите на бугарски јазик, јас говорам на макеоднски јазик‘‘, рече Димитров.
-
Валентин Николоски
Сите содржини од овој новинар