Димитров во работна посета на Берлин
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Берлин.
Во германскиот Бундестаг, Димитров ќе учествува на настанот „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, организиран од парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјал-демократи, Зелените и Либералите.
Шефот на дипломатијата ќе има средби со пратеници во Германскиот парламент на кои ќе им го презентира напредокот на Република Северна Македонија и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори во ЕУ.
Програмата на посетата опфаќа и средби со други релевантни соговорници од Министерството за надворешни работи и други владини претставници, соопшто МНР.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати