-->
-->
Димитров во Минхен се сретна со Хан и Лајчак
-->
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ги започна активностите на Минхенската безбедносна конференција, која се одржува од денеска до 18 февруари 2018 година.На првиот ден од Конференцијата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, Димитров оствари повеќе средби за афирмација на реформската агенда и стратешките приоритети.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на заедничката средба со вицепремиерот и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и со еврокомесарот Јоханес Хан, се разговараше за важноста од мериторен и кредибилен процес на проширување, со што ќе се реализира заедничкиот европски интерес за брза интеграција на Република Македонија и регионот.

Димитров имаше средба и со претседателот на Генералното собрание на ООН Мирослав Лајчак на која беа разменети мислења за актуелниот регионален контекст и политичките динамики. Соговорниците, како што стои, се согласија дека новосоздадениот моментум во политичките текови во Република Македонија не смее да се пропушти
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
