Димитров во Делфи се сретна со Палмер, ќе разговара и со Катругалос
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на маргините од Економскиот форум во Делфи, Грција, имаше средба со заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер и американскиот амбасадор во Атина Џефри Пајат.
На средбата, како што објави Димитров на Твитер, се разговарало за регионални прашања и билатералната соработка.
Во Делфи Димитров треба да се сретне и со шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.
Димитров и Катругалос се дел од учесниците на форумот, а македонскиот министер вечер ќе има и свое обраќање.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори објави дека фокусот на средбата ќе биде ставен на имплементацијата на Договорот од Преспа, „како и на техничките и практичните проблеми кои секојдневно се појавуваат од спроведувањето“.
– Иднината на пријателството, тесната соработка и стратешкото партнерство во сите сектори е отклучена. Нашиот регион е горд на својата историја. Но, со Преспанскиот договор, сега можеме да се гордееме и со достигнувањата на нашето време, напиша Димитров на Твитер по средбата со Коѕијас.
Министерот Никола Димитров во рамите на форумот во Делфи ќе има и други билатерални средби.
Ново на Сител
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа