Димитров во Битола: Одговорноста за иднината е на сите нас
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера и денеска беше во посета на општина Битола.
Тој ја искористи посетата за средби со младите во Битола, како и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
За време на пријатната и неформална средба со младите, министерот Никола Димитров разговараше за предизвиците со кои тие се среќаваат, нивните планови и идеи за нивната лична иднина, како и иднината на Македонија. Министерот истакна дека Битола и регионот има важна историска улога во оформувањето на македонското културно наследсво, но и многу важна улога во нашата европска иднина, земајќи ја во предвид традиционално дипломатската димензија на градот. Откако ги ислуша младите, Димитров потврди дека 30 септември е неверојатно важно скалило кон нашата европска и евроатлантска иднина и сите заедно имаме историска одговорност да го искажеме нашиот став преку врвната демократска алатка - референдумот.
Министерот исто така даде интервју за регионалниот медиум, Тера Телевизија. Активностите продолжуваат денеска во Велес.
Прес служба - Коалиција „Заедно ЗА европска Македонија“
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
