Димитров: Важно е Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи
Важно е да воспоставиме отворена релација, да видиме што е најважно за Грција и да го објасниме тоа што е најважно за Македонија. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи, истакна денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров во одговор на новинарско прашање за очекувањата од утрешната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје.
- Убеден сум дека со упорност и отвореност, со пораката дека и за Грција е важно Македонија да успее и има стабилен и просперитетен сосед. Грција е постара демократија од нашата, член е на ЕУ и НАТО и има многу важна геостратешка позиција регионот. Мислам дека може да игра важна улога во зацврстување и буткањето на целиот регион на Балканот. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи, изјави Димитров на маргините на конференцијата „Македонија кон целосно членство во НАТО“ што се одржува во Скопје.
Главна тема на разговорите со Коѕијас се очекува да бидат можностите за проширување на мерките за градење доверба.
- Довербата е првиот чекор кон пријателство и тоа е многу важна работа. Имаме досега најголема делегација од 15 претставници што денеска се враќа од Атина, а целта е да се прошират мерките за градење доверба во повеќе области и да се направат пореални и да се имплементираат, рече Димитров.
Посочи дека се направени два клучни чекора што не се директно поврзани со разликата околу името, но го отсликуваат духот и новата надворешна политика на Македонија.
- Успеавме да затвориме едно отворено прашање со соседна Бугарија и да ја претвориме од пречка во поддржувач на иднината на Република Македонија. Второ, повлековме една сериозна линија на корективни мерки согласно времената спогодба. Ова министерство и Влада ги земаат сериозно преземените обврски, го земаат сериозно Уставот на Македонија и ќе бидеме многу принципиелни и цврсти во контекст на излетот што ни се случи во Канада. Тоа само ќе ни ги зајакне позициите и во однос на утрешната средба и генерално во однос на Грција, изјави Димитров.
Ново на Сител
-
Уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство
-
Приведени три лица од велешко, пронајдено оружје и муниција
-
Приведен кумановец, возел со 1.73 промили алкохол во крвта
-
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдена марихуана и семки од канабис
-
Предлогот за гувернер денеска нема да биде доставен до Собранието, ќе биде познат следниве денови
-
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
-
„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар