Македонија
27. April 2022 - 19:34

Димитров: Вархеји поставуваше свои предлози наклонети кон бугарската страна

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров вечерва во Тема на денот на Сител истакна дека е невообичаено тоа што еврокомесарот Вархеји не дал изјава за јавноста и медиумите.

-Важно е официјалните лица што доаѓаат од ЕУ да имаат контакти со јавноста, не само со политичарите. Еврокомесарот по дефиниција ни е најдобар пријател и било каков исчекор треба да е заеднички, но со него немав баш такво искуство, затоа што солираше и поставуваше свои предлози наклонети кон бугарската страна. Реагирав на таквиот однос во повеќе наврати како поединец. Важно е јавноста да знае дека немавме голема помош од неговите напори. Некои дипломати од западните земји-членки на ЕУ мислат дека ќе го решевме ова да не беа паралелните предлози на Вархеји, вели Димитров.

Според Димитров, сме немале сојузник во овој еврокомесар.

-Ги поздравувам неговите изјави дека е разочаран, но дел од неговите активности се причина зошто немаме успех, вели Димитров.

Ново на Сител