Димитров се сретна со Борел, наследник на Могерини во ЕК

Шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска учествуваат на 14-от Бледски стратегиски форум, попладнево имаше куса средба со колегата од Шпанија, Жозеп Борел, номиниран за функцијата Висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Димитров оствари средба и со премиерот на Словенија Марјан Шарец и со шефот на турската дипломатија МНР Мевљут Чавушоглу.
На маргините на форумот, Димитров и Шекеринска денеска ќе се сретнат и со Метју Палмер, новоименуваниот специјален пратеник на САД за Балканот и со генералниот директор за политички прашања во британскиот Форин Офис, Ричард Мур.
Димитров утре ќе се обрати на панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност“, на кој ќе се осврне на европските перспективи на Република Северна Македонија.
Шекеринска, пак, ќе се обрати на панелот насловен „Што следува? – поглед на евроатлантската безбедност, 70 години по Вашингтонскиот договор“.
Бледскиот стратегиски форум секоја година е местото каде што се среќаваат влијателни светски и европски политичари и државници. Форумот претставува една од водечките меѓународни конференции во Централна и Југоисточна Европа.
Годинашното мото на Бледскиот форум е „Ресурси/извори на (не)стабилност“/(Re)sources of (in)stability, а дискусиите ќе бидат посветени на улогата на ресурсите/изворите во контекст на мирот и безбедноста, одржливиот развој и економскиот напредок.
Ново на Сител
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
-

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во Брисел без договор за буџетот на Унијата
