Димитров - Рот: Поздравен напредокот во реформскиот процес на земјата

Текот на разговорите со Грција за разликата околу името, како и најновите актуелности околу процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО биле теми на разговор на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и државниот министер надлежен за Европа во Министерството за надворешни работи на СР Германија, Михаел Рот.
Министерот Димитров ја потенцирал важноста на поддршката на нашите европските пријатели на тој пат. Во таа смисла упатил посебна благодарност за досегашниот исклучително значаен ангажман на пријателска Германија.
- Со напредокот на Македонија во правец на градење на вистинска европска демократија, нотифициран во извештајот на Европската Комисија, имаме ретка можност да постигнеме успех. Можност која треба заеднички да ја препознаеме и искористиме, посочил Димитров.
Државниот министер Михаел Рот го поздравил постигнатиот напредок во реформскиот процес на земјата, јасно препознаен во Извештајот на ЕК и содржаната препорака за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.
Во таа насока, повторил дека Германија и натаму останува силен поддржувач на Република Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО. Министерот Рот изразил задоволство и охрабрување за заложбите на Владата за изнаоѓање решение во разговорите со Грција.
Ново на Сител
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
