Димитров положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк
На последниот ден од работната посета на Анкара, министерот за надворешни работи Никола Димитров положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк и во име на Република Македонија, оддаде почит на таткото на Република Турција.
Како што соопшти МНР, шефот на дипломатијата во рамки на своите медиумски активности, даде интервју за TRT World и агенцијата Анадолија.
Вчера Димитров се сретна со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, кој рече дека Турција со нетрпение очекува да и посака добредојде на Република Македонија во семејството на НАТО. Нагласи и дека стабилноста на Македонија е клучна за стабилноста на Балканот, на што Турција придава големо значење и обезбедува поддршка за неговиот економски раст.
Димитров и Чавушоглу потпишаа и Меморандум за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви помеѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји.
Димитров оствари средби и со претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција, Бинали Јилдирим, со кого размениле ставови за унапредување на комуникациите меѓу највисоките законодавни тела во двете држави во сферата на парламентарната дипломатија и особено поттикнувањето на конкретни и заеднички активности помеѓу Групите за пријателство и повеќе комисии во двата Парламенти.
Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди

