-->
-->
Димитров: Очекуваме датум за преговори со ЕУ
-->
Евроинтеграцијата е најдобриот инструмент што го има ЕУ за да им помогне на оние кои сакаат да се променат и да направат реформи, истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на конференцијата за перспективите на Западен Балкан за вклучување во ЕУ, што се одржа денеска во Софија.
Димитров рече дека по позитивниот извештај од ЕК и препораката за преговори, Македонија со право очекува да добие датум за нивно започнување.
- Мислам дека европерспективата не треба остане само зборови, туку да се преточи во конкретни чекори. Ќе биде вистинска трагедија ако на Македонија не ѝ се дозволи да ги започне преговорите за пристапување кон ЕУ. Во последните години научивме многу лекции. Се променивме, имаме силна општествена свест. Единствениот начин на кој можеме да напредуваме е да се соочиме со реалноста, да ги поправиме грешките, рече Димитров.
Тој процес, според Димитров, не е лесен, но е неопходен.
– Но, чудата се можни, ние создаваме чуда во денешно време. Го гледаме европскиот воз и сакаме да го фатиме, рече шефот на македонската дипломатија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите