Димитров на средби во Европскиот парламент
Министерот за надворешни работи Никола Димитров претпладнево одржа работен брифинг со групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент, предводена од европратеникот Ханс Ван Бален (АЛДЕ).
Димитров, како што соопшти МНР, ги брифираше европратениците за процесот на имплементација на Договорот од Преспа, како и за досегашните постигнувања и планираните чекори во клучните реформски области.
Министерот Димитров ја изразил силната посветеност на Република Македонија за обезбедување напредок во евроинтегративниот процес и ја реафирмирал заложбата на Владата за понатамошно спроведување на реформските приоритети.
– Во моментов една од најважните цели за земјата е преточување на јунските заклучоци на Советот на ЕУ во формално отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година што, меѓу другото, беше рефлектирано и во усвоената Резолуција на Европскиот парламент, се вели во соопштението од МНР
Димитров се сретнал и со европратениците од АЛДЕ, Иво Вајгл и Ханс Ван Бален. На средбата со Вајгл се разговарало за неодамна усвоената Резолуција за Република Македонија во Европскиот парламент. Димитров со претседателот на групата „Пријатели на Македонија“ Ханс Ван Бален разговарал за претстојните активности на групата за поддршка на евроинтегративните процеси на Република Македонија.
Работната посета на Димитров во Брисел продолжува со активности во рамки на НАТО, при што предвидени се повеќе билатерални средби на маргините од министерскиот состанок.
Ново на Сител
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
-

Нови мерни станици во Струмица

