Димитров: Македонија ќе стори се да покаже дека заслужува да ги почне преговорите
Ќе сториме се да ја убедиме секоја земја членка поединечно и Комисијата дека заслужуваме во јуни следната година да преминеме во следната фаза од евроинтеграциите и да ги почнеме преговори со ЕУ, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан што се одржува во Будимпешта.
Тој нагласи дека иако нашиот регион географски е опкружен со земји членки на ЕУ, сепак, ние неколку години бевме на маргините на политичкото внимание на Унијата. И, додаде, веројатно заради повеќе причини вклучувајќи ја и мигрантската криза, сега се потврди дека Европа е помалку безбедна без интеграцијата на Западен Балкан.
- Ние ќе сториме се што можеме и ќе се фокусираме на реформите дома, бидејќи наша единставена цел е да ја направиме Македонија европска демократија. Нема да се караме со соседите, иако постојат искушенија, туку ќе го искористиме овој процес да научиме како да станеме европски сојузници. Сакаме да ја искористиме оваа историска можност што постои за регионот, особено за следната година и ќе сториме се за да ја убедиме секоја земја членка поединечно и Комисијата дека заслужуваме да преминеме во наредната фаза од нашето европско патување и да ги започнеме преговори со ЕУ во јуни, следната година. Македонија се соочуваше со ветар во лице изминатите години, сега би ни значело ако добиеме ветар в грб за да ви овозможиме помирни води и плодна жетва, рече Димитров.
Годинашниот состанок во Будимпешта се одржува во рамки на унгарското претседателство со Вишеградската група, а учествуваат и министрите за надворешни работи на Естонија, Романија и Словенија. Централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан.
Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Тоа се потврдува и со одржувањето на редовни есенски состаноци на министрите за надворешни работи во формат В4 и Западен Балкан.
Ново на Сител
-
До петок стабилно и топло, за викендот повремен дожд и грмежи
-
ЦУК: Три регистрирани пожари на отворено, еден активен
-
Приведени возачи во Гостивар, Штип и Ресен, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволеното
-
Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите
-
На ГП „Табановце“ приведен 36-годишник од Романија, пронајдена е дрога
-
Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство
-
Приведен 39 годишник, при претрес во неговиот дом пронајдени се дрога, оружје и рачна бомба | ФОТО
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен