Димитров - Ји: Поддршка од САД за евроатлантските интеграции на Македонија
Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров при учеството на форумот „Јадранско-медитеранската соработка и безбедноста во Југоисточна Европа“ во Дубровник денеска имаше билатерална средба со заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји, на која е потенцирана поддршката на САД за евроатлантските интеграции на Македонија, соопшти МНР.
Ји, кој беше меѓу панелистите на форумот, стои во соопштението, потенцирал дека најтемниот момент на Балканот годинава беше 27 април во Собранието на Република Македонија, а најдобрата вест во целиот регион формирањето на новата реформска влада.
На панел дискусијата посветена на мирот, безбедноста и стабилноста министерот Димитров истакнал дека Балканот мора да порасне и тоа брзо, пред младата генерација целосно да крене раце и да оди самата во Европа.
Во контекст на мигрантската криза министерот додал дека кризата не научила важни лекции, односно дека ниту една држава не може да се справи сама со големи предизвици, потребно е координирана акција и заеднички одговор, особено превентивно делување во корените на проблемот. И на домашен план, навел, по внатрешно политичката криза во Република Македонија научивме важни лекции:
- Стабилноста, демократијата и правната држава одат заедно. Една држава не може да биде стабилна на долг рок ако има фрагилни институции. Стабилноста доаѓа од силни институции, владеење на првото, независно судство, економски просперитет, слободни медиуми. Новата реформска влада посветено работи да ја врти државата на европскиот пат, рекол Димитров.
Како и во претходните години, и оваа година на Форумот беа дискутирани актуелните теми во регионот, решавање на заедничките предизвици за безбедноста и стабилноста во Јадранско–медитеранската област. Исто така, во фокусот на дискусиите на Форумот беше и меѓузависноста на состојбите на Блискиот Исток, Северна Африка и Европа, како и мобилноста и образованието на младите.
Македонскиот шеф на дипломатијата учествувал и на панелот посветен на младите и културниот дијалог, осврнувајќи се посебно на потребата на младата генерација да и се обезбеди вистинска перспектива.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница