Димитров: Јазикот и идентитетот не може да бидат пречка за интеграцијата
Македонскиот јазик и идентитет не може да бидат пречка за интеграција во Унија чија културна и јазична различност е вредност што треба да се почитува согласно Лисабонскиот договор, ниту пак македонскиот јазик може да биде пречка за добрососедски односи базирани на взаемна почит, порачал вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прва средба со новоименуваниот амбасадор на Италија, Андреа Силвестри.
На состанокот, како што попладнево информираше СЕП, Димитров истакнал дека Владата продолжува со обидите да се најде достоинствено решение, почитувајќи го притоа правото на самоопределување, во рамки на европските принципи.
– Но, европските интеграции не треба да бидат во заложништво на билатералните прашања. Европеизацијата на нашето општество, останува клучна цел на Владата. Реформите ќе продолжат бидејќи вистинската цел на пристапниот процес всушност е токму европеизацијата, внесувањето на европските стандарди дома. Во тој процес секоја помош од нашите пријатели ќе биде добредојдена, истакнал Димитров.
Посакувајќи му успех на амбасадорот Силвестри во извршувањето на неговиот мандат, вицепремиерот Димитров изразил задоволство од билатерелната соработка и нејзиното понатамошно продлабочување.
Од италијанска страна, како што стои во соопштението од СЕП, била реафирмирана силната поддршка од страна на Италија за европската интеграција на земјава.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење