Димитров: Изминатава година клучна за евроинтеграциите на регионот
Изминатава година беше клучна за регионот во контекст на евроинтеграцијата, а регионалната соработка е многу важна како најсоодветен одговор на актуелните сензитивни моменти во ЕУ. Научените лекции од изминатите неколку години се најдобар показател дека зголемувањето на заемната доверба, добрососедските односи и засилена економската соработка резултираа со поголема поврзаност на регионот и создавање подобар впечаток на истиот.
Ова го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на состанокот на министрите за надворешни работи на Западен Балкан, што вчера и денеска се одржува во Будва, во организација на црногорското Министерството за надворешни работи.
Како што соопшти МНР, на состанокот се разговарало во врска со состојбата во процесот на ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан – прогрес и перспективи како и исполнување на обврските од Берлинскиот процес произлезени од заклучоците на Самитот во Лондон 2018, а во насока на подготовки и организација на Самитот на Процесот, чиј домаќин следната година ќе биде Полска.
– Во овој процес ние како регион треба да бидеме искрени и директни за да успееме. Исто така треба да преземеме одговорност за нашата сегашност но и за нашата иднина. Она што ни е заеднички потребно е натпревар на позитивни реформи. Имаме шанса да созрееме и таа шанса треба да ја искористиме, рече Димитров.
Димитров го поздрави континуитетот на областите кои ќе бидат третирани на Самитот на Берлински процес во Познан – транспортно и енергетско поврзување на регионот, развој на економијата, мобилноста на младите и соработка во културата. Дополнително, се осврна на зголемениот фокус на темата за отворени билатерални прашања и посебениот придонес што може да го даде македонската страна, преку пренесување на научените лекции од решените билатерални прашања со Република Бугарија и Грција.
Шефот на дипломатијата ја истакнал важноста на Самитот за регионот и политичката порака што ја праќа кон ЕУ за процесот на проширување и најави континуиран активен ангажман на македонската страна во неговата подготовка.
Покрај министрите за надворешни работи од регионот, предвидено е учество на состанокот присуствуваа и претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешни работи, на Австрија, Полска, Велика Британија и на Советот за регионална соработка.
Ново на Сител
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери