Димитров и Гир во Еко Пошта на Денот на Европа
По повод Денот на Европа, денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе ја посетат канцеларијата на Еко Пошта, корисник на проектот ЕУзаОтпорност.
Иницијативата ЕУзаОтпорност обезбедува 40 милиони евра во форма на бескаматни кредити и заеми наменети за поддршка на мали и средни претпријатија, како и на жени и мажи кои се соочуваат со ризик од невработеност. Проектот се спроведува со помош на Банката за развој на Македонија. Тој е дел од вкупната поддршка за земјата поврзана со Kовид-19, која достигнува околу 230 милиони евра и се состои од поддршка за здравствениот сектор, за ублажување на социо-економските последици од пандемијата и за набавка на висококвалитетни вакцини.
Како што е најавено, обраќање ќе има амбасадорот Гир, ќе бидат доделени наградите „Европејци на годината’’, а ќе се одржи и дебата на средношколци од регионот со амбасадорите на ЕУ во земјите од Западен Балкан на фејсбук страниците на Делегацијата на ЕУ.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата