Димитров и Дачиќ на средба во Ниш
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ, денеска во Ниш ќе разговараат за можностите за унапредување на односите меѓу двете земји по неколкудневната дипломатската криза што беше надмината по телефонскиот разговор меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Предвидено е Димитров и Дачиќ по средбата да одржат и заедничка прес-конференција.
Во меѓувреме, персоналот од Амбасадата на Србија кој во неделата беше повлечен на итни консултации во Белград, од вчера почна да се враќа во Скопје. Враќањето на амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ е најавено за 31 август, а ден подоцна се очекува таа да биде примена од македонскиот премиер Заев.
Македонската амбасадорка во Белград Вера Јовановска Типко, пак, вчера беше примена од српскиот претседател Вучиќ, кој ги повтори заложбите за унапредување на односите меѓу двете земји и најави дека ќе биде иницирано одржување заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годинава.
Поканата за заедничка владина седница, се очекува утре на македонскиот премиер Заев да му ја пренесе српската премиерка Ана Брнабиќ на средбата што треба да ја имаат на неформалниот состанок на премиерите на земјите од Западен Балкан во Драч.
Со тоа треба да почне да се исполнува договорот во пет точки што го усогласија Заев и Вучиќ за принципите на идната соработка. Скопје и Белград, според договорот, ќе работат на зачувување и унапредување на билатералните односи, а секое евентуално несогласување ќе го решаваат исклучиво со дијалог. Македонскиот премиер Заев и претседателот на Србија Вучиќ се согласија и дека без оглед на сите политички разлики за одредени важни политички регионални прашања, Македонија и Србија заеднички ќе се борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските односи меѓу македонскиот и српскиот народ и граѓаните на двете земји.
Ново на Сител
-
Пожарот кај Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“
-
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид последни четвртфиналисти
-
Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Негативен природниот прираст и во градските и во селските подрачја
-
Трамп: Израел се согласи со условите за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа
-
Американски извори открија дека Иран се подготвувал да го минира Ормускиот теснец
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода