-->
-->
Димитров го освои Мастерсот во Синсинати
-->
Бугарскиот тенисер Григор Димитров ја игра својата најдобра сезона во професионалниот тенис. Тој синоќа во финалето на Мастерсот во Синсинати го победи Ник Киргиос со 2-0 во сетови (6:3 и 7:5). Ова за Димитров е триумф на турнир со највисок ранг. Оваа година тој досега победи на турнирите во Бризбејн и во Софија, а беше полуфиналист на Австралија Опен кога имаше и скор од 16-1 (победи-порази).
- Среќен сум со победата. Навистина е неверојатно чуството да го имам пехарот во моите раце, изјави по мечот Димитров.
Тој на денепска објавената ранг листа има скок од две места и се наоѓа во ТОП 10 на местото број 9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила