Димитров: Да се објават имињата на сите студенти кои добиле ваква стипендија
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на својот фејсбук профил одговори на пишувањата во неколку портали дека неговата ќерка добила стипендија од МОН минатата година два дена пред рапишување на локалните избори.
Тој пишува дека е згрозен од вовлекувањето на неговото семејство во, како што вели, очигледни политички мотиви во време кога Македонија ја чека историска одлука.
- Пред се, сакам јавно да и се извинам на ќерка ми, за грозните пораки што ги добила и за јавното изложување што го предизвикала единствено затоа што е одговорна и способна. Затоа што успеа да се запише на еден од најдобрите универзитети во светот. Гордост моја! Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене, пишува Димитров.
Појаснува дека сите студенти кои се запишале на еден од првите 100 универзитети рангирани на Шангајската листа во област наведена во повикот, без селекција и без исклучок добиле стипендија и дека програмата е воведена од претходната власт.
- Во 2017, немало ниту доволно кандидати. Со други зборови, никој не одлучувал дали ќерка ми или некој друг кандидат ќе добие стипендија. Сите кои ги исполниле условите добиле стипендија, истакнува Димитров.
Тој повикува да се објават имињата на сите студенти кои добиле ваква стипендија во изминатите години, од воведувањето на програмата.
Ново на Сител
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат