Димитријевиќ за поразот од Естонија: Загубивме сила во второто
Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ, даде свое видување на синоќешниот натпревар со Естонија.
Гостите славеа победа во СРЦ „Кале“ во Скопје со 74:69, иако на полувреме македонските кошаркари имаа предност од седум поени 43:36.
- Тежок натпревар, знаевме дека ќе играме со квалитетна естонска селекција. Ги знаевме нивните квалитети, одигравме одлично прво полувреме, но потоа загубивме сила во второто полувреме. Имаме и втор меч, имаме и уште други натпревари против Полска и Литванија така што сигурно нема да се откажеме. Создадовме добра енергија, квалитетно работевме во овој период, креиравме одлична хемијаа во тимот, и тоа ни дава верба дека можеме да играме на високо ниво и на следните натпревари, изјави Димитријевиќ, кој поради болки во ногата, мораше на принуден одмор во текот на последната четвртина.
-Силен грч, прв пат ми се случува оваа сезона. Разочаран сум што мораше да ми се случи токму денес. Искрено сум разочаран за она што се случи, истакна македонскиот кошаркар на прес-конференцијата по натпреварот.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со 25 поени, три асистенции и два скока за нешто повеќе од 30 минути поминати на теренот.
Ново на Сител
-
Приведен газда на ноќен клуб од Куманово - Го затекнале како внесува ПП апарати, пронашле и пиротехника
-
Во Пробиштип книги на жалост за тројцата загинати во дискотеката во Кочани
-
Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје
-
32 часа работа, 11 пати од Кочани до Скопје возел Илчо од Итна помош кој почина на спиење
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повикува на сплотеност и молитва за настраданите во Кочани
-
На уште едно лице му е определен притвор за пожарот во Кочани
-
Влада: Воздржаност од објавување на непроверени информации
-
Американскиот суд ги блокираше кратењата на Маск на УСАИД