Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност

Со длабока почит се сеќаваме на осуммина припадници на безбедносните сили, чии животи згаснаа, на 9 и 10 мај во 2015 година. Нивната жртва е вечен симбол на храброст, посветеност и несебично служење за татковината, објави денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
-11 години непребол нè потсетуваат и обврзуваат достоинствено да оддадеме почит, да градиме иднина без вакви трагични последици! Имаме должност да создаваме иднина на мир, стабилност, меѓусебна поддршка и заедништво. Нивниот подвиг е вистински поттик за сите нас, да продолжиме да градиме праведно и безбедно општество-напиша Димитриевски.
Тој посочи дека денес се поклонуваме пред споменикот на жртвите со неизмерна тага, изразувајќи благодарност до припадниците на македонските безбедносни сили, најискрена почит до нивните семејства, затоа што ги загубија најмилите во борбата за мир, праведност и безбедност на сите граѓани на Македонија.
-Вечна слава и почит за хероите- напиша Димитриевски.
МИА
Ново на Сител
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
-

Пет пријави, а три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие
