Димитриевски: Се прска со средство против подмрзнување на фреквентните пешачки зони
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски информира дека службите за зимско одржување се на терен и распрскуваат течност против подмрзнување на коловозот.
– Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ се распоредени во централното градско подрачје, се прска со средство против подмрзнување на фреквентните пешачки зони, вели Димитриевски.
Претходно, од одделението за комунални дејности информираа дека сè е подготвено за зимско одржување на улиците.
Општина Куманово во ноември избра компанија за зимско одржување на градот. Договорот со најповолниот изведувач е склучен во октомври, годинава по претходно објавена јавна набавка. Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки Општина Куманово за зимско одржување ќе одвои 8.993.016 денари. На тендерот е избрана фирмата „Кооп Инженеринг“. Градот како и претходните години е поделен на источна и западна зона и според правилата се чисти по приоритет при снежни врнежи првата зона, централното градско подрачје, големите крстосници, улици каде се сместени витални објекти, по што следува втората зона, улиците и населените места по налог.
Избраната компанија, информираа тогаш надлежните поседува специјални возила, меѓу нив, камиони, со различни перформанси, големина, капацитет, соларки, снежни плугови, булдожери, грејдер, претходно наведено во барањата на тендерската постапка. Фирмата има и доволно количина на сол и ризла. Покрај градот, компанијата е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово. Во чистењето на градот ќе се вклучи и ЈП „Чистота и Зеленило“ чии екипи ќе нанесат средство за спречување од настанување лед, а ќе ги стави на располагање и два трактори кои можат да се адаптираат со ножеви за чистење на снег.
Ново на Сител
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари
-
Татко ја пријавил за исчезната малолетната ќерка, таа се јавила од Косово
-
Криминалци со пиштоли влегле во фирма за брзи кредити и украле 5000 евра
-
Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки
-
Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина