Димитриевски: Повеќе од јасно е дека Куманово сака да продолжам да го водам и натаму

Евидентна беше волјата на кумановци на гласањето во првиот круг на избори кои тие ја изразија слободно на избирачките места, а која значи поддршка за мене, порача кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитириевски. „Врз основа на резултатите од гласањето за советничките листи и особено на она за кандидатите за градоначалник , повеќе од јасно е дека Куманово оди во насока да продолжам да го водам и во следниот мандат“, ја коментираше Димитриевски разликата во гласови меѓу него и неговиот противкандидат во вториот круг, која е поголема од 10 илјади, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија (ЗНАМ), што МИА го објавува интегрално.
Во вториот круг Димитриевски очекува поддршка од сите гласачи.
„Јас се обраќам кон сите и не ги делам гласачите ниту по партиска, ниту по етничка, ниту по верска основа. А, никогаш тоа и не сум го правел. Затоа во рамките на поддршката што сум ја добивал секогаш имало гласови од сите етнички заедници, но и од останати партии. Впрочем тоа го имаше и при изборите во мојот прв и втор мандат, а и при гласањето на 19 октомври на овие избори“, потенцираше Димитриевски.
Во минатите осум години, вели тој, еднакво работел и во македонски и во албански и во српски и во ромски средини. Затоа смета дека не е пресудно за предност кој ќе биде поприсутен во медиумите, туку колку бил ефикасен во текот на својот мандат.
„Кога одам во град ми велат - работиш повеќе во село, кога одам во село - ми велат работиш повеќе во приградски населби. Таму пак, сметаат дека повеќе вложувам во градот. Кај Албанците се има впечаток - дека повеќе работам кај Македонците, Македонците сметаат обратно - дека повеќе работам кај Албанците, истата приказна е и кај Ромите. Но, на крајот сите велат едно исто - дека работам“, порача Максим Димитриевски.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
