Димитриев упати честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите
Претседателот на Владата, Емил Димитриев упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Република Македонија по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите.
- Годинешната прослава е единаесеттата прослава на националниот празник на Ромите во Република Македонија, што јасно говори за континуитетот и почитта која Република Македонија ја негува кон Вашата заедница. Тоа јасно се изразува преку одбележувањето на овој празник, но и преку редица на други мерки и владини проекти во многу области кои се од значење за подигнување на квалитетот на животот во ромските средини, се вели во честитката.
Годината која е зад нас, се наведува во честитката, претставува година во која продолжи владината посветеност во делот на образованието, културата, поддршката на ромските невладини организации и центри за медијација, поддршката за вработување и почнување сопствен бизнис, поддршка за подигнување на свеста за грижа за сопственото здравје, за правата и можностите во делот на социјалната политика, правото, културата и уште многу други полиња од значење за Ромите.
- Убеден сум дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина како неизоставен дел од грижата на Република Македонија и како продолжение на концептот на почитување на сите заедници во државата и одржување на стабилно и одржливо мултиетничко општество. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам убави празнични денови, многу радост и песна во Вашите домови, многу здравје и љубов во Вашите семејства и уште долги години да го прославуваме 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!, стои во честитката.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата