Димитриев на состанок на шефови на влади од земјите од средна и источна Европа и Кина

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, и владина делегација денеска во латвискиот главен град ќе присуствува на Петтиот состанок на шефовите на влади на земјите од средна и источна Европа и Кина, состанок кој е централна точка на Самитот на земјите од средна и источна Европа и Кина.
Овој Самит се одржува петта година по ред, и негова основна цел е унапредување на мултилатералната соработка на земјите учеснички, како и унапредување на билатералната соработка на секоја од земјите учеснички со Народна Република Кина. Како дел од досегашната соработка, поголем број на земји учеснички веќе се во фаза на реализација на економски, инфраструктурни, трговски, културни и социјални проекти.
Република Македонија реализира проект за изградба на автопатите Скопје – Штип и Кичево – Охрид.
Како дел од активностите на маргините на Самитот, во текот на денешниот ден и во недела, премиерот Димитриев ќе оствари политички и економски средби, меѓу кои е предвидена и средба со кинескиот премиер Кечијанг Ли.
Владината делегација ќе присуствува и на бизнис форумот кој е во организација на Република Латвија и Народна Република Кина, а на кој ќе присуствуваат премиерите на земјите од средна и источна Европа.
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
