-->
-->
Димитриев: Ќе пружиме максимална кооперативност, соработка и поддршка на ДИК
-->
Сите државни институции ќе дадат максимум поддршка на фер и демократски, слободни и ефикасни избори. Сите институции ќе ја почитуваат дословно реализацијата на оваа цел, кадровски, структурно и на нивно на вредност од кој нема отстапување, истакна на денешната собраниска седница привремениот премиер за организирање на изборите Емил Димитриев.
-Државните институции ќе дадат максимална подршка во средства, кадри, ресурси, материјали, и се што е означено и побарано како потреба на Државната изборна комисија за да може да работи согласно зацртаните цели. Потенцирам максимална кооперативност, соработка и поддршка на ДИК. Ја охрабрувам ДИК во својата работа да дејствува непристрасно, ослободена од било каков притисок, принципиелно, државнички, согласно уставот и законите, и да биде движечката сила која ќе покаже лидерство во организација на изборен процес со кој ќе се гордееме како нација. Политичките партии, исто така треба да даваат максимална подршка на ДИК, но и исто така многу битно, да креираат амбиент кој ќе го поддржи организирањето на фер и демократски избори, истакна Димитриев.
Тој додаде дека државните и националните интереси на Република Македонија мора да бидат приоритет на политичкото дејствување на секој поединец, група или партија, и парцијалните интереси треба да бидат подредени на државните и националните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025
-
Трамп не го покани Путин на неговата инаугурација во јануари, изјави портпаролот на Кремљ
-
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско
-
Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023
-
Нѐ чека уште едно пеколно лето, научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде една од најтоплите во историјата