Димче Арсовски: Без оставка на Заев и Филипче нема објективна истрага за пожарот во Тетово
Најнапред да изразам уште еднаш сочувство до фамилиите и семејствата на загинатите во вчерашната трагаедија.
Венко Филипче нема одговор на ниту едно прашање кое што ја интересира јавноста и кое што му се поставува цел ден, но во едно е сигурен и знае единствено дека нема да поднесе оставка.
Воедно тој не знае дали чувствувал морална одговорност и ќе го чекал извештајот на Оливер Спасовски.
Сочувствуваме што 14 животи згаснаа во институција за чија безбедност и животи би требало да се грижи Министерството за здравство.
Oна што првенствено сакаме да го потенцираме во овој момент, уште една кажувам да го потенцираме е потребата од неутрална и објективна истрага и лоцирање на целосна одговорност за вчерашната трагедија.
За жал без оставка на Зоран Заев и Венко Филипче кои што можат да влијаат на истрагата нема да биде можна непристрасна и објективна истрага.
Во овој случај доколку не дадат оставка Зоран Заев и Венко Филипче ќе истражуваат за пропустите на Венко Филипче и Зоран Заев. Класичен апсурд.
Зоран Заев и Венко Филипче да покажат барем малку доблест и да ги ослободат институциите од нивните притисоци.
Изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни