ДИК со нова веб апликација за граѓанска контрола на Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја промовира новата веб-апликација за проверка на Избирачкиот список. Граѓаните внесувајќи име и презиме, или адреса или единствен матичен број ќе можат да проверат дали се запишани во Избирачкиот список. Доколку граѓаните сакаат нивната адреса да не се појавува при проверката, треба да поднесат барање до подрачната единица на ДИК за тргање на адресата.
Љупка Гугучевска, советник во ДИК рече дека состојбата на Избирачкиот список ставена на новата веб - апликација е од 1 декември 2015 година, а тој ќе биде ажуриран веднаш по обработката на податоците.
- Како една од новите надлежности предвидени со Избирачкиот законик, ДИК го објавува Избирачкиот список на својата веб-страница со следниве податоци име, презиме и адреса на избирачите. Избирачкиот список во оваа форма и во вид на веб-апликација е веќе активен од денеска од 14 часот на веб страната на ДИК преку посебен линк, изјави Гугучевска.
Секој граѓанин, како што потенцира таа, има право да поднесе барање до ДИК да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини.
- Ваквото барање граѓаните може да го поднесат во подрачната единица на ДИК според местото на живеење. Адресарот и контактите на подрачното одделение и канцеларии на ДИК се на самиот линк на апликацијата во дното на страницата, рече Гугучевска.
Проверката според ЕМБГ е функционална и веб-апликацијата ја содржеше и досега. Новина е што сега проверката може да се врши и преку име и презиме и адреса.
- Доколку при ваквата проверка во Избирачкиот список се утврди дека некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или дека треба да се изврши запишување, дополнување на податоци или бришење на податоците коишто ги содржи Избирачкиот список, секој граѓанин има право да поднесе барање до Подрачното одделение или канцеларија на ДИК. Ваквото барање граѓаните треба да го поткрепат и со соодветната документација, посочи Гугучевска.
Во меѓувреме се врши вкрстена проверка на податоците од десет државни институции, која според членови на ДИК треба да заврши до понеделник или вторник.
Избирачкиот список треба да биде ставен на увид на 17 април доколку предвремените парлкаментарни избори се одржат според сега предвидениот термин 5 јуни.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
