ДИК: На предлог на БЕСА нивните 84 приговори се разгледуваат како еден
По предлог на овластениот претставник на Движењето „БЕСА“ во моментот во Државната изборна комисија како еден приговор се разгледуваат 84 нивни приговори, што оваа партија ги поднесе за гласањето во вториот круг во локалните избори во скопски Чаир.
Портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска за МИА изјави дека ДИК по службена должност ги прибавила сите 84 записници од избирачките места на кои се однесуваат приговорите и оти тие се разгледуваат.
За вториот круг од локалните избори до ДИК поднесени се стотина приговори. Во рокот што истече во два часот по полноќ, Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.
ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорите да донесе одлука по нив. Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Ново на Сител
-
Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег
-
МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци
-
МВР со детали за акцијата во Арачиново, пронајдено оружје и муниција
-
Од 1 јануари јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен
-
Во автомобил на 24 годишен скопјанец пронајдено над 100 пакувања со кокаин и хероин
-
Запалено возилото на поранешниот началник на СВР Штип
-
Форд повлекува над 760 илјади возила поради проблеми со ДПФ
-
САД негираат вмешаност во убиството на рускиот воен функционер Игор Кирилов во Москва