ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе Упатство за гласање на Локалните избори 2025. Гласањето е лично, а избирачите на гласање ќе можат да одат само еднаш, ќе се идентификуваат со лична карта или со пасош.
Ќе можат да гласаат и лица чија важност на документите им истеклa од денот на распишување на изборите до 19 октомври. Пред да го добијат гласачкото ливче избирачите ќе биат проверувани со апаратите за биометриска идентификација со десниот палец.
Претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека ќе бидат ставени печати на избирачките ливчиња пред тие да им бидат дадени на гласачите. Гласањето се врши самостојно, тајно зад параванот со пенкало во сина боја, а потоа ливчињата (по четири за Градот Скопје, по две за другите 80 општини) се ставаат во посебни глачаки кутии.
Забрането е групно, семејно или гласање за друг, фотографирање на избирачкото место и носење оружје на гласачкото место.
Доколку гласачот има потреба за помош при гласањето тоа ќе му биде овозможено, но тој сам треба да ја искаже својата волја.
Во врска со правилникот за платено политичко рекламирање Александар Даштевски, член на ДИК, истакна дека ДИК, АВМУ, ДКСК и ДЗР имаат испратено писмо до Собранието во врска со примената на Изборниот законик поврзанo со платено политичко рекламирање за Локалните избори 2025 година во кое тврдат дека во законот има нејаснотии.
Претседателот на ДИК Кондарко рече дека согласно Изборниот законик, ДИК нема никакви допирни точки со надлежноста на АВМУ во врска со определувањето на времето и средствата за рекламирање на политичките партии.
-Така што ние немаме согласно закон никакви надлежности за правилникот на друга институција која е надлежна согласно нејзините законски обврски. Како што кажа и колегата Даштевски, ние се имаме обратено до Собранието, рече Кондарко.
ДИК на денешната седница акредитираше уште пет странски и четворица домашни набљудувачи. Тројца набљудувачи побара Амбасадата на Швајцарија, двајца Врховниот изборен совет на Турција и четворица домашната Евротинк.
Кондарко посочи дека утре истекува рокот за поднесување барања за набљудување на изборите и дека досега се акредитирани 74 домашни набљудувачи и 110 меѓународни владини и невладини организации.
ДИК донесе одлука за ангажирање на помошен персонал за денот на Локалните избори, кои ќе работат на резултатите од изборите, како и за ангажирање на лица од МВР за обезбедување и транспорт на доверливиот материјал за гласње (гласачки ливчиња, избирачкиот список и уредите за биометриска идентификација).
МИА
Ново на Сител
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
-

Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
-

Македонското пиво годинава со двојно поголем извоз од увозот - најмногу се пие во Косово и Албанија
-

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
