ДИК ќе расправа за измена на роковникот за референдумот
Државната изборна комисија попладнево ќе одржи јавна седница на која треба да ја разгледа и усвои Предлог Одлуката за изменување на роковникот, бр. 12-1402/1 од 01.08.2018 година, за извршување на дејствијата за спроведување на есенскиот референдум за Договорот со Грција.
Меѓу прашањата на дневен ред се и разгледување и усвојување на Предлог Финансиски план за распределба на средства за референдум на државно ниво, на Предлог Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2018 година, како и на Предлог Известувањето за постапките за спроведување на јавните набавки.
Треба да биде разгледана и усвоена и Предлог Одлуката за утврдување на потреба од формирање помошни тела на ДИК за спроведување на референдумот, како и Предлог Програмата за задолжителна едукација на изборните органи - општинските изборни комисии, избирачките одбори и избирачките одбори во ДКП-та
Ново на Сител
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
