Македонија
2. October 2018 - 14:40

ДИК ќе одлучува по приговори за референдумот

Државната изборна комисија попладнево на јавна седница ќе одлучува по приговори поднесени на постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на референдумот.

Членовите на ДИК ќе ги разгледаат и записниците од дванаесеттата и тринаесеттата седница на Комисијата.