ДИК ќе формираат избирачки одбори за дијаспората за референдумот
Над илјада македонски државјани кои живеат во странство се пријавиле да учествуваат на претстојниот есенски референдум. Државната изборна комисија (ДИК) се очекува денеска на седница да избира членови на избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дијаспората.
До вчера до ДИК имаше вкупно 990 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Од нив, 965 пријави се прифатени, 23 се одбиени, а останатите се во обработка.
Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн - 83, во Лондон - 77, во Торонто - 60, Љубљана - 62, Виена - 57 и Канбера - 42. Гласање за претстојниот референдум ќе има само во дипломатско-конзуларните претставништва каде што ќе има над десет пријавени, а во оние ДКП каде што ќе има над илјада пријавени ќе има две и повеќе избирачки места во зависност од нивниот број. Членовите на избирачките одбори, како што пренесува МИА, ќе се бираат од редот на вработените во ДКП, но, според најавите, онаму каде што ќе има потреба и по случаен избор од редот на администрацијата кои ќе бидат испратени од Македонија. Избирачките одбори на референдум се составени од тројца членови од редот на администрацијата, но процесот можат да го набљудуваат и претставници на овластениот предлагач и други заинтересирани.
ДИК во изминатиот период имаше контакти со Министерството за надворешни работи и со министерот за дијаспора за подобра организација на гласањето, но и за да се направат напори за рационалнизација на трошоците. На една од седниците потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху ги повика македонските државјани во странство доколку сакаат да се изјаснат на референдумот на 30 септември да дојдат во Македонија и да го сторат тоа, бидејќи гласањето во странство ќе ја чини многу државата.
Од ДИК предупредуваат дека доколку некој македонски државјанин се пријави да гласа во ДКП во земјата каде што живеат, тогаш нема да можат да се изјаснат во Македонија доколку допатуваат во родното место.
ДИК изготви апликација www.dijaspora.sec.mk преку која иселениците се пријавуваат за гласање во ДКП.
Пријавувањето трае до 23 август на полноќ, кога завршува и јавниот увид во Избирачкиот список.
Во однос на податоците од јавниот увид во Избирачкиот список вчера 2.179 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 337, Струмица - 200, во Радовиш - 140 и во Прилеп - 129.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци