ДИК го прекрши Изборниот законик
Државната изборна комисија веќе точно 25 часа од затворањето на гласачките места, нема официјални информации и 100% обработени податоци за бројот на освоени гласови и пратенички места на партиите кои ја бараа довербата на граѓаните на предвремените парламентарни избори.
(1) Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 12 часа по завршувањето на изборите,
(2) Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
Ова значи дека според Изборниот законик, ДИК требаше да ги соопшти мандатите најдоцна и заклучно со 19 часот, на 12.12.2016 година (денеска) а бидејќи тоа не го направи, го прекрши Изборниот законик.
Ново на Сител
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа