ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива тековно и без никакови проблеми. Сите гласачки места се отворени, а изборниот материјал навреме е доставен соопштија од Државната изборна комисија за МИА.
-Освен во САД поради временската разлика, сите гласачки места во амбасадите на Северна Македонија се отворени на време и гласањето се одвива непрекинато, појаснуваат од ДИК.
Денеска, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.
Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.
Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција