ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено

Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор или притвор, за повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа.
- Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 лица може да гласаат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и две лица може да гласаат за градоначалник на општина Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија.
Со почеток во 7 часот во седум казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 94 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
- Гласањето започна утринава во 7 часот и досега се одвива непречено, без проблеми, велат од ДИК.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
