-->
-->
ДИК ги објави конечните официјални резултати од изборите
-->
Државната изборна комисија предмалку на јавна седница ги соопшти конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15-ти јули. Според заклучокот на ДИК, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освоила 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат. Седницата на ДИК беше закажана вчера попладне, откако Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори, со што ги потврди решенијата на ДИК. Во 12 часот во просториите на Комисијата е закажана свечена седница, на која ќе се доделуваат уверенијата на избраните пратеници.
Горан Симоновски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино