Македонија
30. August 2021 - 16:29

ДИК: Досега 21 независен кандидат за градоначалник ги собрале потребните потписи, рокот истекува на полноќ

Потребните потписи за кандидати за градоначалници на општините, заклучно со вчерашниот ден ги собрале 21 независен кандидат, како и 42 групи избирачи за советнички листи, информираат денеска од Државната изборна комисија.

Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија потребните потписи, продолжуваат да ги собираат 15 кандидати за градоначалници и 26 групи избирачи за кадидатските листи за членови на оштинските совети.

Собирањето на потписи трае уште денеска, а подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат до 24 часот.