Дијаспората ќе ги помага успешните студенти од Македонија преку проектот „Македонија 2025“
Дијаспората со директна финансиска помош за најдобрите македонски студенти. Основан е фонд за образование кој ќе им за цел да им даде поддршка на младите, да ја продолжат својата едукација на универзитетите во САД и Канада.
Фондот е во рамки на проектот Македонија 2025 кои вчеравечер во Колумбус, оргранизираа гала вечер за собирање на средства. Премеирот Никола Груевски присуствување на основањето на фондот за образование.
Во своето обраќање упати благодарност до основоплоожниците на МАкедонија 2025 , идејниот креатор Џон Битов Сениор чија визија била, оваа организација да ги приближи македонските компании кон западните преспективи и вредности за унапредување на деловни практики. Како пример кој усшено работи на проектот Македонија 2015 премиерот го посочи Мајк Зафировски кој дал значителна поддршка за рзвојот на земјава и промоција пред бизнисмени и менаџери од најреномирани американски компании. Груевски со позитивна оценка и поддршка за идејата и фукција на фондот за образование.
- Денешниот настан, кој има за цел да создаде Фонд за образование преку кој ќе им се помага на најдобрите македонски млади таленти својата едукација да ја продолжат на престижните универзитети во САД, уште еднаш ја потврдува заложбата на организацијата Македонија 2025 за унапредување на образованието и знаењето на младите од Македонија, што е од суштинско значење за градење просперитетна нација и држава. Силно ја поздравуваме и поддржуваме оваа иницијатива која се совпаѓа со активностите на Владата на Македонија за унапредување на образованието, претприемништвото и иновативноста како врвен приоритет, истакна премиерот Груевски во своето обраќање.
Членовите на управата на МАкедонија 2025 изразија задоволство од одржаниот настан како и од собраните средства и целите кои треба да ги има фондот.
- Имавме добар настан, собравме еден милион долари, имавме посетеност од над 450 лица. Сите средства што ги собравме ќе одат за образование, ова ќе ни овозможи најдобрите и најпаметните млади луѓе од Македонија да одат на најдобрите универзитети во САД и Канада. Беше голема чест да ги имаме претседателот Буш и премиерот Груевски на овој настан, изјави Вера Ставроф, потпретседател на Македонија 2025.
Џон Битов Јуниор рече дека главното достигнување на овој Фонд е да финансира стипендии и програми за младите Македонци да може да реализираат повисоки образовани цели, да се подготват добро и да се вратат во Македонија и да бидат успешни, да создаваат силна и напредна држава.
Функцијата на фондот е комплементарна со владините активности и инвестиции во образованието , вели премиерот. Во континуитет се спорведуваат реформи кои имаат за цел напредно и квалитетно образование. Буџетот за овој ресор е зголемен на околку 6 проценти од БДП и е на ниво на земјите од ОЕЦД, воведени се Кембриџ програмите, англиски се учи од прво одделение, а втор странски од шесто.
Обезбеден е компјутер за секое дете, набавени се 80 лаборатории. Македонија е дена од ретките земји која обезбедува полна стипендија за секој студент кој ќе уапее да се запише на еден од стоте врвни универзитети во светот, истакна премерот на гала вечерта во при основањето на фондот за образование во Охајо.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар