Кошарка
2. September 2015 - 15:47

Дијамантидис: Ова ќе ми биде последна сезона

Легендарниот кошаркар на Панатинаикос, Димитрис Дијамантидис, најави дека оваа сезона ќе биде последна во неговата кариера.
 
„Ја донесов одлуката, сакам да играм уште една сезона и да ја завршам кариерата. Целта ми е да останам здрав и да му помогнам на тимот да освојува трофеи. Доколку успеам во тоа, тогаш на најдобар можен начин ќе ставам крај на кариерата“, рекол Дијамантидис.
 
Дијамантидис кариерата ја започна во Ираклис, а во 2004 година се пресели во Панатинаикос.
 
„Тоа е животот. Ќе дојдат нови играчи. Јас ќе престанам да играм, но кошарката и Панатинаикос ќе продолжат да постојат. Ништо нема да се смени. Имав многу убави моменти во кариерата и да бидам искрен не го очекував тоа“, дополнил 35-годишниот кошаркар.
 
Дијамантидис со Панатинаикос има освоено девет титули во грчкото првенство и исто толку пати го освојувал Купот на Грција, а во Евролигата освоил три трофеи (2007, 2009, 20011). Со репрезентацијата на Грција бил европски првак (2005) и светски вицепрвак (2006).
 
Шест пати бил прогласуван за најдобар дефанзивец во Евролигата, а во 2011 година бил најорисен играч во елитното натпреварување. Дијамантидис е најдобар асистент во историјата на Евролигата.