Дијагноза Саше Политико: Каква е партијата, такви им се и активистите
Речиси година дена СДСМ е во aкција да ја урне владата и земе власт без избори, и не успева во тоа. Напротив, и според последните анкети на американскиот републикански институт ВМРО ДПМНЕ после се има двојно поголема поддршка меѓу граѓаните во однос на СДСМ, а Груевски е повеќе од три пати подобар од Зоран Заев.
Очигледно, СДСМ има погрешна политика, погрешна стратегија и пред се погрешни луѓе за своите намери.
Луѓето кои го водат СДСМ се заглавени во коруција – Заев, богат провинциски олугарх, конкретно, е еднаш веке аболиран за криминал од 8 милиони евра, а сега има нови судски постапки за корупција. Шекеринска е во коруптивни скандали веќе долг период, а Петре Шилегов со своите сомнителни кирии и бизниси е на исто рамниште со Шекеринска. И Заев и Шекеринска неколку пати досега воделе избори и изборни кампањи против Груевски, и убедливо ги загубиле.
Што се однесува до политичка програма и проекти, СДСМ такви нема, туку бара да им се верува на збор. Со заминувањето на економистот Зоран Јовановски, и пасивизирањето на другиот угледен економист до СДСМ Ванчо Узунов, СДСМ нема ни териски кадар за сериозна економска програма која на сите избори е клуч за добивање гласови. Затоа, во недостаток на луѓе со знаење и авторитет, политиката во СДСМ ја водат Фрчкоски, Ѓунер Исамил. Владимир Милчин, Бранко Гроски, Ацо Кабранов и Саше Ивановски кој самиот себе се нарекува Саше Политико. Од овој кадар, чии намери извршуваат Заев, Шекеринска и Шилегов, неможе ништо да се очекува.
СДСМ оди кон создавање сериозни етнички инциденти, блокирање институции, узурпација на улици, плоштади и раскрсници. Накусо, кон анархија за да создаде шанса за себе. Заради СДСМ во Скопје не е можно ни нормално движење по улици коис е наш, јавен имот.
Таа политика на скандали, инциденти и анархија за нивни потреби ја извршува и нивниот активист Саше Ивановски, самонаречен Саше Политико. Човекот оди по јавни настани, навредува, провоцира и предизвикува инциденти за да биде виден и во центарот на вниманието, и да сврти внимание кон бомбите на Заев. Па така, направи скандал на прес -конференција на пејачката Каролина Гочева како и инциденти, навреди и провокции на низа јавни настапи на министри од владата, новинари или премиерот Груевски. Нормално, сите негови скандали се пренесени од медуиумите на СДСМ, а лицето СИ во тие медиуми се опишува како жртва, иако не е јасно чија жртва би бил.
Саше Ивановски, самонаречен Саше Политико не е новинар. Не припаѓа на ниту една редакција, а дека не е новинар потврди и со судски исказ, како што ни неговиот сајт не е информативен туку бил негов личен портал. Според тоа, ни правно ни формално со ова лице неможе да стане збор дека се работи за новинар.
Најпосле, на сите јавни настани новинарите се акредитираат и стануваат дел од настаните, а секое случајно лице кое го попречува настанот, или навредува и првоцира се смета за сторител на прекршок, во некои случаи и на кривично дело. Затос не е јасно каде се службите на владата, а особено полицијата да конатстира постоење дело и да поднесе пријави против Саче Ивановски.
- СДСМ е полн со вакви ликови, полн со скандали, насилства, навреди и провокации. Токму затоа е е и толку далеку од гласачите и поддршка од јавноста.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
