Ракомет
26. October 2015 - 11:40

Дибиров и Штербик во тимот на колото

Победата од 10 голови разлика и одличната партија на голманот на Вардар Арпад Штербик сосема заслужено го вброи во тимот на 6.то коло. Ова за Штербик е вторпат да биде во најдобрата седморка (1.коло) оваа сезона, а притоа една од неговите одбрани е рангирана како бр.4 во ТОП 5 на колото.

Покрај него на позицијата лево крило е избран и Тимур Дибиров.
Најдобрата „седморка“ на 6.коло:
лево крило - Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек - Имам Џамали (Кристијанштад)
среден бек - Расмус Лауге (Флензбург)
десен бек - Рамазан Доне (Бешикташ)
десно крило - Лук Абало (ПСЖ)
пикер - Рене Тофт Хансен (Кил)
голман - Арпад Штербик (Вардар).
Видеото погледнете го тука.