-->
-->
Дибаба го собори рекордот на 1500 метри
-->
Етиопската атлетичарка Гензебе Дибаба на митингот од Дијамантската лига во Монте Карло постави нов светски рекорд на 1.500 метри, по повеќе од две децении.
Дибаба патеката ја истрча за 3:50.07 минути, па за 39 стотинки го собори досегашниот светски рекорд на Кинеската Чу Јинсиа (3:50.46), поставен уште во септември 1993 година.
Рекордот на Чу се чинеше недостижен, бидејќи нејзиниот тренер Ма Жунрен тогаш користеше невообичаени и сомнителни средства, меѓу другото и крв од желка, но сите наоди на допинг контролите беа негативни.
Инаку 24-годишната Гензебе Дибата е помлада сестра на трикратната олимписка победничката Тирунеш Дибаба.
Гензебе до митингот во Монте Карло најмногу успеси имаше на натпреварувањата во сала, па на Светските првенства во сала има две злата. Таа го држи и светскиот рекорд на 1.500 метри во сала со резултат од 3:55.17 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со 76 гласа „за“ Собранието ги изгласа замениците министри
-
Власта и опозицијата во Собранието согласни за укинување на економските директори во клиниките
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции
-
Со 76 гласа „за“ Собранието ги изгласа замениците министри
-
Собранието избира заменици министри
-
Имотите на Тошковски и Јанушев во фокусот на СДСМ
-
Не се пронајдени избеганите затвореници
-
Пожарот на Серта конечно ставен под контрола – Најкритично во Јасен