-->
-->
Ди Натале: Време е за пензија
-->

Играчката легенда на Удинезе, Антонио ди Натале, до крајот на годината би можел да стави крај на својата професионална кариера. Ди Натале (38), кој минатото лето најави крај на кариерата, реши да одигра уште една сезона, но лошата форма во која се наоѓа, најверојатно ќе го натереа да се повлече на полусезоната.
Ди Натале од стартот на новата сезона има постигнато само еден гол, поради неговата лоша форма, италијанските медиуми пренесуваат дека тој би можел да се повлече од фудбалот на 20. декември, по мечот со Торино.
Антонио Ди Натале во кариерата постигнал 208 годлови за Удинезе во Серија А, а вкупно за тимот од „Фриули“ постигнал 224 голови на 429 натпревари.
Кариерата ја започнал во Емполи, во 1996 година, а откако три години како позајмен играч настапувал во Иперцола, Варезе и Вијареџо, се изборил за место во тимот. За Емполи, популарниот Тото настапувал до 2004 година, одиграл 177 натпревари и постигнал 55 голови.
Дресот на италијанската репрезентацја го носел на 42 натпревари на кои постигнал 11 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
