Фудбал
21. October 2015 - 15:30

Девојките се подготвени за квалификациите за ЕП

 
Во четврток,  22. ноември, женската фудбалската репрезентација на Македонија во натревар против Исланд ги започнува квалификаците за пласман на Европското првенство во Холандија 2017 година.
 
Пет дена подоцна, на 27. ноември, избраничките на Ванчо Балевски ќе одиграт уште еден натревар во групата 1 против селекцијата на Шкотска. Двата натреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток во 13.30 часот.
 
По ждрепката одржана во Нион, нашиот национален тим за противници ги доби селекците на Исланд, Шкотска, Белорусија и Словенија. По воведните два натревари следи едномесечна пауза, по што ќе бидат одиграни и натпреварите со Белорусија на домашен терен и Шкотска и Словенија на гости.
 
„Не очекува тежок натревар. Исланд веќе имаат одиграно средба со Белорусија и истата ја добија со 2-0. На овие натревари ќе настапиме со подмладен состав. Поради повреда ќе недостасуваат четири фудбалерки. Во овој квалификациски циклус сите не сметаат за аутсајдери. Се надевам дека ќе го дадеме максимумот и дека сите повикани фудбалерки ќе ја оправдаат довербата“, истакна селекторот Ванчо Балевски.